30 години затвор бидејќи на Twitter дигнале лажна паника?

Мексиканскиот учител Гилберто Мартинез Вера и радио водителката Мариа де Хесус Браво Пагола, може да добијат 30 години затворска казна за тероризам бидејќи преку Twitter дигнале паника за лажни киднапирања на деца и за луѓе со оружје кои напаѓале школи во Веракруз.

Паниката со лажните твитови, меѓу кои и „За секој убиен Зета [член на нарко картел] ќе умира по едно дете“, предизвикала 26 сообраќајки од родителите кои се обидувале на брзина да си ги изнесат децата од училиште, некои дури си ги оставале автомобилите на сред пат со цел да го обиколат сообраќајниот метеж и да стигнат побрзо до училиштата. Во хаосот биле блокирани и броевите за итна помош.

Властите од Веракруз го споредија овој инцидент со легендарното радио читање на „Војна на световите“ од Орсон Велс во 1938.

Според радио водителката Пагола, која на својот Facebook се напишала како „твитерорист“, судењето не би требало да и се случува на неа бидејќи ретвитала порака. „Мислам, станува збор за 140 карактери. Не е логично.“, вели таа.

(via Guardian)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии