3 работи за најновото DLC за The Elder Scrolls Online

Мартин Јованчевски

во Вести

Gates of Oblivion авантурата ќе заврши со Deadlands додатокот. Доколку сте и вие огромни фанови на оваа ултра популарна ММО игра, ова се трите работи кои дефинитивно треба да ги знаете за најновата експанзија:

  • Deadlands додатокот ќе излезе на први ноември за PC, а на 16 ноември за PlayStation и Xbox. Иако додатокот ќе чини 1500 круни, постои огромна можност бесплатно да го добијат сите сопственици на последното поглавје, под услов да се исполнат заедничките цели со истражување на најновата мапа.
Bethesda unveils The Elder Scrolls Online's Deadlands DLC • Eurogamer.net
  • Приказната ќе биде долга 20 часа и ќе обработува настани 800 години пред настаните во хитот од 2006 година – The Elder Scrolls 4: Oblivion. Во неа конечно ќе се види какви напори ќе се вложат против режимот на Мејрунс Дејгон.
Everything we know about the ESO Deadlands DLC - ESO Hub - Elder Scrolls  Online
  • На располагање имате две мапи за истражување. Едната се вика The Burn и е огромно место кое како да е извлечено од сржтта на Обливион, со корита низ кои тече лава, ѕверови опсипани во пламени, и запрепастувачки бури. Второто место се вика Fargrave и, според тимот зад играта, е еден од најголемите градови во играта. Внатре во градот можете да се социјализирате, да правите опрема и да продавате и купувате различни работи така што патувате низ световите.

1 коментар на “3 работи за најновото DLC за The Elder Scrolls Online

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии