3 работи што треба да ги знаете за големата летна распродажба на Steam

Како и секое лето, така и овојпат Steam ја започна летната распродажба со попусти до 95% на илјадници наслови. Најновата распродажба е пропратена и со неколку интересни новитети и пред да се втурнете во нивно истражување, ова се три работи кои треба да ги знаете.

1. Купувајте паметно :)

Распродажбата трае до 9 јули. Попустите нема да се менуваат сè до крајот на распродажбата, така да имате повеќе од доволно време да размислите дали некој наслов го заслужува вашето внимание, или не. За подобра претстава, читајте ги и рецензиите на самите корисници. Доколку се решите да купите игри за или над 30 евра, Steam автоматски активира ваучер кој ви ја намалува цената за 5 евра. Ова се случува само еднаш за време на распродажбата. Не заборавајте дека, доколку избрзате или се покаете за некоја игра, можете да побарате парите да ви бидат вратени преку Steam Refund опцијата. Исто така, пред да купите некоја игра, проверете да не се нуди истата во некој пакет со игри, каде цената е со дополнителен попуст. Пример, Trine 4: The Nightmare Prince e 9 евра, а Nine Parchments е 5 евра, но бидејќи ги имаме купено претходните игри на Frozenbyte, Trine 4 и Nine Parchments можеме да ги купиме за 10 евра.

2. Користете го SteamDB сајтот за вистински лов на зделки

Оваа точка природно се надоврзува на првата и е особено важна доколку сакате да видите што е најевтино и набрзинка да се информирате за сите најважни работи за играта која би сакале да ја купите. Имено, откако ќе го посетите сајтот SteamDB, ќе забележите зелени и плави правоаголници со попусти во нив. Зелената бојa значи дека ова е најнискиот попуст на таа игра кој и порано бил понуден. Плавиот правоаголник значи дека ова е првиот највисок попуст за таа игра. Доколку застанете на некоја игра, автоматски ќе се појави прозорец со трејлер од играта, но и со податоци за тоа кога е излезена играта, кога е последен пат надополнета, која оценка има, колкумина ја играат, и многу повеќе. SteamDB ќе ви дозволи овие поставки да ги прилагодите и само со игри кои припаѓаат на вашите омилени жанрови, како RPG, FPS, или Strategy. Феноменален сајт за комплексни увид и откривање исклучително евтини игри.

 3. Украсете го вашиот профил преку новата продавница за поени

Мотото на новата продавница за поени е: „Купувај игри, добивај поени“. Се секое потрошено евро, дали на игра, дали на DLC, апликација или што и да е, добивате 112 поени. Потоа, со тие поени можете да си купите дигитални работи кои дополнително го украсуваат вашиот профил и нудат креативни можности за комуникација со вашите пријатели. Имено, можете да си купите анимирани аватари, рамки, анимирани позадини, значки, и многу повеќе. Со овие поени, можете и да наградувате корисници кои оставиле рецензија за некоја игра.

Пријатен шопинг! :D

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии