Три поенти за интернет

Има едно меме што се шири на интернет откако започна мерењето на силите за договорите и законите кои што треба да владеат со него:

Освен тоа што изгледа кул на постоечката иконографија (Гај Фокс) да се додаде уште еден херој, ми се чини дека сликичкава затскрива неколку важни поенти, најмногу за и околу ACTA.

Прво, уште еднаш потврдува дека активизмот има широки ефекти кои се прелеваат во општеството. Далеку од тоа дека сите анти-ACTA активисти се свесни за неинтернетските последици за овој договор, но без разлика на тоа, од сопирањето на овој договор ќе има корист и некое сиромашно градче можеби во Африка кое чека испорака на генерички лекови. Со тоа, на некој начин, дури и оние кои немаат глас на интернет, ќе бидат помогнати од интернет.

Ова води до втората поента, а тоа е дека интернет е различен од другите (старите?) медиуми во една клучна работа: овозможува полесно да им помагаме на другите. На ова ми се чини мисли Џонатан Зитрејн кога ја опишува мрежата како „случајни чинови на добрина“. Ова е главната особина на интернет што мора да ја чуваме. Ако тоа помогне да се спаси светот, уште подобро.

Трето, иако е направено да биде смешно, мемето во трите сликички дискутира за една состојба која е денес – финансиска криза, а во четвртата за една состојба која може да дојде утре – државна контрола на интернетот. Првата серија сликички значи е за последиците што ги имаме денес – по 30 годишна организирана политичка активност против државата на благосостојба. Тоа е време, меѓу другото, без интернет – време кога идеите не се ширеле толку брзо колку денес. Тоа е времето кога, како што вели Лесиг во „Изгубената република“, САД (а можеби и други земји) од „Broadland” се претворила во „Richistan”. Тоа што проширувањето на владеењето на богатите над сиромашните, се обидуваме да го спречиме преку интернет, а случајно, затоа што истата ACTA сака да го нормира интернет, можеби дава интересен увид за тоа би можел да изгледа светот, ако технологијата постоела порано.

Но, сигурно дава доволен доказ дека сега, со интернет, ACTA и оваа борба, се спротиставуваме на причините, а не на последиците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии