3 одлични Android курсеви на Udacity

Имате идеја за апликација, но не знаете да програмирате? Google и Udacity имаат неколку одлични и едноставни курсеви за почетници. Можеби најдобриот дел на курсевите е што доаѓаат од Google и доаѓаат со совети за добри практики.

Курсевите се едноставни и најважно е што иако на почеток „ве држат за рака“, како што минуваат часовите, корисникот мора сам да се снаоѓа. За среќа во текот на курсот, „учесникот“ ќе научи и кои се добри извори на податоци и како да препознае добри одговори.

Android Basics: User Interface и User Input

Ова е основен курс и им помага на корисниците да се запознаат со креирање на кориснички интерфејс за Android. Најголем дел од креирањето на „Layout“ е со XML што и не е изненедување со оглед на тоа дека сепак станува збор за почетен курс. За учество во овој курс не е потребно никакво предзнаење, а курсот е дел од бесплатнaтa Android Nanodegree програма.

Учесниците кои ќе го завршат курсот ќе знаат доволно да можат да креираат едноставна интерактивна апликација. За завршување на првиот дел од курсот се предвидени 2 недели, а за вториот дел 4 недели. Секако со оглед на тоа дека станува збор за снимен курс, корисниците можат сами да си определат колку време ќе посветат и за колку недели или месеци ќе го завршат курсот.

Android Basics: Multiscreen Apps, Data Storage и Networking

Вториот дел од Android Basics курсот ќе им помогне на корисниците да научат и да креираат посложени и пософистицирани апликации. Во овој дел корисниците подлабоко ќе се запознаат и со Java, и додавање на елементи преку програмирање. Дополнително, корисниците ќе се запознаат со неколку важни елементи какo: SQL, работа со „content provider“, JSON Parsing, HTTP Networking и слично.

Делот е посложен и подолг што се забележува и од должината на курсот: 2 месеци за Multiscreen Apps; и по осум недели за Data Storage и Networking.

Develop Android Apps

И овој курс е креиран од Google, и значително ќе го подобри познавањето на Android за развивачите. Мал недостаток е што курсот не е наменет за целосни почетници и подразбира дека учесниците имаат основни познавања за програмирање. Во овој курс учесниците чекор по чекор ќе развијат Android апликација поврзана на облакот.

Сепак, во најголем дел за активно следење на содржините потребно е подобро познавање на Java,  Networking и XML. Ова секако не значи дека не може, ако сте доволно упорни да го завршите курсот, но може да треба да пребарувате повеќе од корисниците кои го ги прегледале претходните курсеви. Ако ги завршите претходните два, ќе имате доволно познавање од сите области со исклучок на Java, за ова сепак има дополнителни курсеви кои може да ги пронајдете. Дополнително, ако ги изгледате првите курсеви ќе знаете како и каде да пребарувате за овие проблеми, па ќе може да ги решите со помали проблеми.

Апликациајта која се изработува во овој курс, може да се спореди со професионалните апликации кои рангираат во најдобрите на Play Store.

Udacity и Google имаат неколку заеднички курсеви, а заедничко за сите е што ве учат да изработувате апликации, истовремено добивајќи податоци за најдобрите практики.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии