3 сајтови за бесплатно гледање класични филмови

Пробајте да го поминете викендов со исклучително стари, но целосно бесплатни филмски класици кои го окупираа вниманието на постарите генерации. На некој од следниве три веб сајтови, можете да гледате илјадници класични филмови на кои им се истечени правата.

Black And White Movies – ретро веб сајт каде не треба да креирате акаунт, туку избирате жанр, филм и инстантно започнувате со гледањето на филмот. Филмовите можете да ги гледате на цел екран, со или без некој од понудените преводи, како и да ги преземете и да ги гледате во ситуации кога не сте приклучени на интернет. Сè е апсолутно бесплатно, и дефинитивно немојте да ги заобиколите хитовите како 12 Angry Men, Metropolis, или Les Misérables!

Free Classic Movies – Во случај да сакате уште постари филмови, како експерименталниот A Terrible Night, од 1896 година, тогаш Free Classic е задолжителна дестинација.

Internet Archive: Movies – За крај, доколку ве остават првите два сајта гладни за уште култни класици, проверете што можете да најдете во интернет архивата. Еден од најгледаните филмови е хитот од 1960 година Little Shop of Horrors, со младиот Џек Николсон.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии