3 начини за подобро уживање на YouTube

Инстант увид во популарноста на видеата

Порано или подоцна, сигурно ви се случило да наидете на YouTube видео кое е катастрофално лошо и, за да избегнете такви ситуации, би било супер да можете да видите колку е добро одредено видео уште и пред да кликнете на него. Ако квалитетот на видеото може да се оцени по бројот на лајкови кои има, тогаш YouTube Ratings Preview е Chrome екстензија само за вас. Со додавање сина лента под секоj скриншот од видеата, визуелно се прикажува популарноста на содржината. На тој начин, добивате одредена претстава за тоа дали некое видео го заслужува вашето внимание или не. Самата сина лента потсетува на препознатливиот, црвен progress bar, но нуди бројни опции за уредување, како промена на бојата, големината, но и опција за истакнување на најсаканите видеа. Во случај да користите YouTube секојдневно и сакате да сте изложени на најпопуларните видео материјали, ова е една од задолжителните екстензии за прелистувачот Chrome.

Крај за истите, здодевни реклами

Колку и да сакате да уживате во YouTube видеата, одредени реклами знаат значително да го загрозат вашето уживање, особено доколку сè едни исти се појавуваат или пак не се поврзани со вашите интереси. За да блокирате една иста, здодевна реклама кликнете на малото i копче, во долното лево ќоше од видеото и изберете Stop seeing this ad. Ова не само што ќе ја блокира рекламата туку и ќе ве одведе веднаш до вашето сакано видео.

Стоп за ниските видео резолуции

YouTube има неодолива желба да започне репродукција на одредено видео во пониски резолуции затоа што мисли дека таквото нешто е најдобро за вашата направа и брзина на конекцијата. Ваквата автоматизација се прави за да се овозможи инстантен и непречен стриминг на видео содржината, но кога знаете дека направата и конекцијата можат да излезат во пресрет на предизвикот со високи резолуции, тогаш не е лошо еднаш засекогаш да го дефинирате таквото нешто. Auto HD е екстензија со која ги поставувате саканите вредности за стриминг на вашите YouTube видеа, како резолуција и големина на плеерот, а штом таквото нешто стапи на сила, сите последователни видеа се прилагодуваат на зададените вредности.

Имате уште некој совет? Кажете нѝ во коментарите, форумот или социјалните мрежи!

1 коментар на “3 начини за подобро уживање на YouTube

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии