3 месеци бесплатно слушање музика на Spotify

Мартин Јованчевски

во Веб, Вести

Целта на овој краток текст е да ве потсетиме дека Spotify веќе половина година е достапен во Македонија, но и да ве потсетиме дека до крајот на месецот можете да ја искористите понудата за цели три месеци бесплатно уживање во премиум услугите на една од најпопуларните платформи за слушање музика.

Промоцијата се однесува на новите корисници, а претстојната празнична сезона и навлегување во зимата се одлични мотиватори да го проверите Spotify и да ги слушате вашите омилени песни од омилени пејачи. За тие три месеци, добивате непречено слушање музика без прекини од реклами, како и можност за преземање на песните и нивно слушање без потреба од пристап до интернет.

По истекот на „пробниот период“ можете да продолжите со месечна претплата од 5 евра месечно, односно 310 денари.

Инаку, интересен факт е и тоа што денеска Spotify стана првата апликација која е достапна преку Epic Games Store продавницата за дигитални игри. Можете да ја преземете од тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии