3 корисни iPhone апликации за дизајн на постери

Со правилна комбинација на овие апликации, можете да направите одличен постер во едно пиење кафе. Преку интуитивен интерфејс, тие претставуваат корисна алатка за дизајнери, без разлика дали се работи за аматери или професионалци. Трите апликации се достапни на македонскиот AppStore.

ArtPad

ArtPad е бесплатна апликација која е рангирана во првите топ 10 апликации во категорија „Продуктивност“ во 15 различни држави. Преку едноставен и интуитивен интерфејс, со ArtPad може за многу кратко време да направите интересни и оригинални дизајни. Апликацијата содржи пакети полни со најразлични фигури, позадини и објекти, кои можат да се зголемуваат и смалуваат, да им се менува боја, интензитет, транспарентност, да се редат во слоеви едни врз други итн.

На истиот начин може да се работи и со текст, каде што единствена маана би бил недостатокот на доволно фонтови. Освен пакетите кои доаѓаат заедно со апликацијата, може да си купите дополнителни пакети кои чинат 0.99 или 1.99$ по пакет.

Содржина и опции:

  • стотици објекти/фигури/позадини;
  • импортирање на фотографии;
  • осветлување, интензитет, транспарентност, тонови и нијанси, трансформација и подесување на големина;
  • повеќе слоеви;
  • изменување на боја, големина и фонт на текстот;
  • зачувување со опција за понатамошно уредување.

Phoster

Апликација наменета за брз и ефективен резултат која нуди одличен сет на прилагодливи шаблони. Бирате шаблон, бирате фотографија, подесувате фонт, боја, сатурација, осветленост, опционално бирате филтер и постерот е готов. Phoster чини 1.99$ и е одличен избор за оние склони кон стилски минимализам при дизајнирање.

Содржина и опции:

  • 82 шаблони;
  • зачувување во висока резолуција;
  • изменување на боја и големина на текстот;
  • дополнителни филтри и декорации;
  • опционално користење на фотографија или позадинска боја;
  • осветлување, контраст, сатурација, трансформација и подесување на големина на фотографијата.

addLib

Оваа апликација е одлична за тие кои сакаат да бидат изненадени. Одбирате фотографија и текст, и чекате секунда-две додека вашиот постер се генерира. Addlib дава рандом резултати врз база на повеќе алгоритми (фрактална теорија, златен пресек, препознавање на лица, грид систем) и секогаш изненадува со нешто интересно. Иако можеби не е најпогодна апликација за оние кои имаат конкретна идеја во глава, супер е за инспирација и забава. Негативна страна на Addlib е недостатокот на висока резолуција за зачувување на постерите.

5 коментари на “3 корисни iPhone апликации за дизајн на постери

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии