3 корисни Chrome екстензии

Сакате да го скроите Chrome по ваша мера и со корисни екстензии? На вистинско место сте! Овојпат ќе ве запознаеме со екстензија за синхронизирање на вашата прелистувачка историја со временската линија на Windows, како да овозможите режим за читање, или пак ефикасно да проверите што мисли светот за некое филмско остварување. Почнуваме!

Web Activities – Овој официјален додаток на Microsoft ја синхронизира вашата историја од прелистувачот Chrome со Windows 10. Имено, штом ја покренете екстензијата, ги внесувате вашите податоци од Outlook акаунтот. По ова, лесно добивате увид во сите ваши прелистувачки навики директно од временската лента на оперативниот систем (Windows Timeline).

Fika – Екстензија која ги прикажува веб страните како електронска книга и ви дозволува подобро да се впуштите во впивањето текстуални содржини. Со само еден клик, Fika се труди да им го отсече пристапот на сите наметливи реклами и да ја трансформира страната во значително поедноставен формат. Можете и да наместите една од три понудени теми, како и да го промените фонтот. Во случај да сакате да читате sci-fi или fantasy книги, дефинитивно кликнете тука!

IMDb Ratings – Додаток кој би бил особено ценет од сите филмомани. Секојпат кога ќе пребарате некој филм преку прелистувачот, застанете со стрелката врз насловот на одреден филм и екстензијата ќе ви прикаже мало pop-up прозорче преку кое добивате краток опис за филмот, жанрот на кој припаѓа, оценка од IMDb, Rotten Tomatoes и Metacritic. Доколку кликнете на read more, ќе бидете пренесени на IMDb страната поврзана за филмот. Екстензијата работи со бројни сајтови и на исклучително едноставен и ненаметлив начин ве известува дали одреден филм го заслужува вашето внимание. Но, во случај да веднаш сакате да дознаете кои се најдобрите sci-fi филмови и серии, кликнете тука, и тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии