3 игри за мобилен инспирирани од Diablo

Diablo Immortal е првата игра за мобилен која ќе биде заснована на Diablo универзумот. Веста беше пренесена на овогодишниот Blizzcon и да се каже дека им се допадна на PC тврдокорните фанови би било потценување од епски пропорции. И, додека Blizzard Activision го брише и одново поставува трејлерот од играта како и бројни коментари надевајќи се дека на тој начин магично ќе го избегне негативниот публицитет, ние решивме да ги засукаме ракавите и да ви понудиме три игри за мобилен кои потсетуваат на Diablo.

Eternium е игра која од срце ја препорачуваме на сите оние кои копнеат по комплекснa доза од hack-and-slash акција. Making Fun, Inc. ви дозволуваат да играте како волшебник, воин, или ловец на глави така што користите најразлични оружја и експлозија од адреналински магии и способности преку цртање одредени симболи на екранот. Од неодамна, играта доби надополнување кое воведува целосно ново поглавје, ваше лично место за интеракција со бројните продавачи, и многу повеќе. Играта ја играме неколку месеци и во ниеден момент не почувствувавме потреба да посегнеме по паричникот. Нема никакви наметливи реклами, но, доколку решите и дадете дозвола за одгледување неколку низ вашето истражување на занданите, наградени сте со премиум валутата за купување корисни надградби, оружја, и сопатници.

Eternium е достапна за Android, или iOS.

Dungeon Quest е разблажена верзија на Diablо која можете да ја играте онлајн, или офлајн во лавиринт од непресушни квестови и плен. Shiny Box LLC го имаат извлечено најзабавното од оваа формула и ви дозволуваат бесконечна забава низ бројните зандани со некој од три уникатни ликови и бројни нивоа на тежина. Онлајн, можете да се борите против вистински играчи. Ние пробавме. И бевме убивани во дел од дел од секунда. Dungeon Quest не бара да трошите пари, но е значително подобра доколку решите да потрошите барем три долари. Еден долар за да купите тони злато за да ги отстраните наметливите реклами и да можете да си купите скоро сè што ќе ви срце посака. Еден долари за да отклучите можности за играње со уште еден херој. И еден долар за да си се почестите со милениче или нешто слично од продавницата со козметички вредности. Работите секогаш се подобри кога одат во три.

Dungeon Quest е достапна за Android, или iOS.

Dungeon Hunter 5 е игра за која нѝ требаше време да поверуваме дека е вистинска. Со феноменална музичка подлога, комплексни механики, и целосно гласовна поддршка, Dungeon Hunter 5 едноставно плени од квалитет кој е ретко виден во светот на мобилните. На располагање имате уникатен систем кој успешно ја елиминира здодевната потреба од таложење и препродавање на пленот, така што ви дозволува истиот да го искористите за надградба на одредено оружје или опрема. Со уште тројца други пријатели можете да се втурнете во над 90 мисии и да си присвоите над 900 парчиња уникатна опрема или оружја. Згора на ова, имате на располагање дневни зандани, неделни настани, легендарно ловење, сезонски предизвици и уште еден куп други активности кои ќе пробаат до нула да ја исцедат вашата батерија. Секојдневно, но во кратки дози, се дружиме со Dungeon Hunter 5 и не чувствуваме преголема потреба за трошење вистински пари, но лесно забележавме алчен систем кој би можел финансиски да ги уназади сите оние кои временски би инвестирале многу повеќе.

Dungeon Hunter 5 е достапна за Android, или iOS.

Ја пропуштивме вашата омилена Diablo инспирирана игра за мобилен? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии