26-годишниот хакер кој прв го проби iPhone, сега работи на автономно возило

Џорц Хотц, 26 годишниот генијалец кој како тинејџер беше првиот кој го „отклучи“ iPhone и PlayStation 3, работи на нов проект – автономно возило. Возилото на кое работи г. Хотц е модифициран Acura ILX, на кој е додаден ласерски радар, џојстик, 21.5-инчен екран и куп електроника која според него може да се пронајде во продавница. Оперативниот систем е Linux, а новинарот на Bloomberg беше присутен буквално на првиот тест.

feat_georgehotz52_1280

За разлика од останатите системи кои користат пре-програмирани правила, автомобилот на г. Хотц, учи од неговото возење. Поради ова г. Хотц најави дека следните неколку месеци ќе вози Uber за да може да го научи системот да вози. Она што можеби е интересно е што наликува дека г. Хотц, кој е познат онлајн како geohot, ова го прави од одмазда кон Илон Маск, директорот на Tesla Motors, кој некогаш му понудил работа, па ја повлекол понудата. „Системот ќе ги чини Tesla двапати повеќе од останатите заинтересирани“, вели г.Хотц.

Цената на сите компненти вградени во системот на г.Хотц не надминува 1.000 долари, за разлика до системот во Tesla S кој чини околу 2.500 долари. Доколку она што го зборува г.Џотц е вистина, комбинација на куп возачи кој го користат системот би можело да биде одлично решение, но доколку планира се да остане единствено на неговото или на возењето на еден возач, тогаш најверојатно и автомобилот ќе ги повторува истите грешки и ќе биде опасност во сообраќајот.

1 коментар на “26-годишниот хакер кој прв го проби iPhone, сега работи на автономно возило

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии