21 современ начин за промоција и развој на вашиот бизнис

Ова е гостински текст на Моника Ризовска првично објавен нејзиниот Linkedin профил. Моника Ризовска е маркетинг консултант со над 10 годишно искуство во ИТ индустријата, долгогодишен амбасадор на Women in Tech во Македонија и ко-основач на Ways2help.


Имате свој бизнис, компанија, добро поставени јасно комуницирани мисија и визија, компаниски вредности, веб-стана и социјални профили за вашиот бизнис, нареден чекор е да започнете да го растете својот бизнис. За таа цел, ова се неколку корисни маркетинг совети и бесплатни алатки кои значително знаат да помогнат:

  1. Секогаш „испорачајте“ повеќе од она се очекува. Нема подобар маркетинг од директна препорака.
  2. Креирајте комуникациска стратегија и план за објави на содржина на неделно, месечно и годишно ниво која ќе биде од корист на вашата таргет публика. При тоа, препорака е соодносот на содржината и објавите да биде 80% квалитетна содржина што помага или информира за решавање на проблемот на вашата публика и 20% промоција и продажба на она што го нудите. Имајте простор за експериментирање, но следете аналитика како ќе котира содржината и адаптирајте содржината според интересот на вашиот таргет.
  3. Во комуникациската стратегија вклучете начела на комуникација како тон,  глас на брендот, зборови, хаштази и изрази кои ќе бидат конзистентни а приспособени на сите социјални мрежи.
  4. Доколку сакате подобро да котирате на пребарувачите, класични методи за пишување содржина и споделување се Medium, објава на powerpoint презентација на SlideShare, споделување и пишување на LinkedIn и пинување на сите овие објави на Pinterest.
  5. Креирајте содржини за портали и медиуми кои ги чита вашата таргет публика. Разгледајте прашања од Quora, Pinterest за инспирација и насока. Напишете актуелна содржина и додадете фотографии. Доколку немате можност за изворни фотографии, користете бесплатни фотографии од Flickr, Unsplash, Pixabay, Gratisography. Визуалите се клучни и го задржуваат вниманието. За дизајн секогаш се наоѓа Canva, лесно се користи, споделува и едитира. Може да најдете туториали тука и тука.
  6. Бидете фирма или компанија која споделува знаење и помага на останатите. Креирајте своја заедница, затворена група на Facebook каде редовно ќе постирате интересни содржини за сите ваши следбеници. Бидете гости предавачи, направете соработка со студентските организации и компании.
  7. Одржете вебинар, хакатон или конференција. Покажете ја својата експертиза, изградете ја вашата база на контакти и истовремено зголемете ја и вашата мејлинг листа на следбеници.
  8. Понудете бесплатна онлајн или видео обука и вклучете копчиња за споделување на социјални мрежи. Испромовирајте ја на вашата веб-страница и социјални мрежи. Споделете ја во вашиот електронски билтен и испратете ја на вашите следбеници.
  9. Доколку немате, креирајте билтен и поставете го на место каде посетителите ќе можат да го видат веднаш. Обидете се да го поставите на почетокот на вашата веб-страница или како страничен банер, поп-ап или „страница за добредојде“ која ќе се појави како бесплатен бенефит или подарок за посетителот.
  10. Користете Google Calendar, Trello, Asana за подобра организација и потсетници доколку пишувате текстови кои се поврзани со интервјуа и други гости.
  11. Користете го Feedly за да „соберете“ содржина од другите луѓе. Додадете ги вашите омилени блогови и онлајн извори на информации за да ги имате сите на едно место.
  12.  Користете Buffer за закажување и објавување на содржина. Наместо да ги споделувате вашите постови веднаш закажете ги преку Buffer и распоредите ги објавите.
  13. Користете Hootsuite за да може да следите споменувањата, и да закажете содржина секој месец.
  14. Креирајте „If this then That“ (IFFT) за Feedly, Buffer и Twitter, за секогаш кога нов напис е објавен на Feedly, веднаш да се додаде и на Buffer листата за објавување на Twitter.
  15. Објавете ексклузивно видео преполно со информации на страна на вашиот веб-сајт и потоа споделете ја содржината до вашите следбеници. Видеото треба да содржи корисни совети кои претплатниците не можат да ги пронајдат на друго место.
  16. Креираjте 5-дневен предизвик со кој ќе им помогнете на луѓето да остварат нешто што сакаат, но секогаш го одлагале. Треба да биде едноставно и со исполнување на цели, за да почувствуваат дека се приближуваат кон целта со самото завршување на предизвиците. Промовирајте го предизвикот во Facebook-групи, на Periscope, и на вашата страница. Известете ги вашите следбеници.
  17. Започнете разговор во живо на вашата веб-страница или социјални мрежи, за корисниците да можат да прашуваат и да добиваат одговори во живо. Ова е супер погодно за корисниците, и истовремено ги задржувате ангажирани подолго за да не си заминат.
  18. Почнете поткаст. Интервјуирајте експерти, автори, блогери и инфлуенсери и вклучете и сопствена содржина.
  19. Повикајте други експерти и автори да објавуваат на вашата блог секција на вашата веб страна. Гостински блогови можат да бидат одлични и за вас и за останатите. 
  20. Креирајте неделни видеа со прашања и одговори. Има достапни адаптибилни темплејти на Envato и Canva. Користете видео за да одговорите на интересни теми и прашања специфични за вашата област, а потоа објавете ги на вашата веб-страна, YouTube и Facebook.
  21. Не ги потценувајте вашите лични социјални профили за градење на личен однос, одржување на контакти, споделување на вашето искуство и знаење на искрен и автентичен начин кој ќе ги пренесе вредностите и на вас како личност но и на вашата фирма или компанија.

Ве охрабруваме да споделете и останати идеи и предлози во коментари подолу.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии