21 игра за сите Twitch Prime претплатници

Во последно време е исклучително исплатливо да сте Twitch претплатник, дури и да не сте фан на овој сервис за стримување. Имено за скромната претплата од три евра во првите шест месеци (шест евра подоцна), можете да гледате најразлични стрим содржини без реклами, да поддржите еден Twitch стример еднаш месечно, како и да гледате најразлични филмови и телевизиски серии преку услугата Video Prime.

Од пред два месеци, се бележи агресивна кампања каде ваквите Twitch претплатници се наградуваат со по шест исклучително квалитетни игри. Овој месец, меѓутоа, Twitch подарува 21 игра, почнувајќи со феноменалната Pillars of Eternity, движејќи се низ Deponia Doomsday, Tacoma, Brutal Legend и завршувајќи некаде со Tyranny, Broken Age и Serial Cleaner. Секој ден ќе се дава по една игра, но за истите ќе имате одреден рок за да си ги прикачите на вашиот акаунт. Во моментот кога ќе регистрирате одредена игра, истата станува ваша за играње засекогаш, дури и да прекинете со Twitch Prime претплатата. Имајте во предвид, меѓутоа, дека за играње на игрите потребен е клиентот на Twitch Prime. Имате на располагање и бесплатен пробен период.

Ова е листата од игрите кои ќе бидат подарени, заедно со датумите кога истите ќе бидат достапни за прифаќање:

2-4 јули — Pillars of Eternity

3-9 јули — Q.U.B.E. 2
3 јули – 2 август — SNK Bundle featuring Metal Slug 3, The Last Blade, and Twinkle Star Sprites
4-10 јули — Battle Chef Brigade
5-11 јули — Manual Samuel
6-12 јули — GoNNER

7-13 јули — Next Up Hero
8-14 јули — Uurnong Uurnlimited
9-15 јули — Hue
10-16 јули — Deponia Doomsday

11-17 јули — Observer
12-18 јули — Tacoma
13-26 јули — The Bridge
14-27 јули — Brutal Legend

15-21 јули — The Red Strings Club
16-17 јули — Tyranny
17-31 јули — Broken Age
18-31 јули — FRAMED Collection
18-31 јули — Serial Cleaner

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии