21-годишен Британец прави 2.000 фунти во секунда од Vine

Бен Филипс е една од најголемите ѕвезди на Vine, сервисот на Twitter за споделување на куси видеа. Според податоците на Guardian, 21-годишниот Британец заработува по 2.000 фунти секоја секунда од видеата кои ги споделува. За жал неговиот профил неодамна беше цел на хакерски напад и сите видеа се избришани. Засега објавува кратка содржина на Instagram.

„Не ми е жал за бизнисот, жал ми е за сеќавањата од минатата година. Знам дека е Интернет, но овие Vines видеа претставуваа патешествие од минатта година. Се надевам дека можат да се вратат“, вели Бен.

Пред да му биде хакнат профилот, Бен забележа дека нешто не е во ред на крајот на минатата недела кога дел од луѓето кои го следат започнале да го прашуваат каде се некои од видеата. Сепак за тоа што следуваше не беше подготвен, односно бришење на се, па дури и на сликата на неговиот профил.

„За сега не допирам ништо се додека не сум сигурен дека не можам да ги добијам назад моите постови“, вели ѕвездата на Vine.

За сега се надева дека Vine ќе успее да ги врати врати неговите видеа. Доколку ова не се случи тој сепак не се откажува и ќе започне се од почеток… овој пат со 1,3 милиони приврзаници на неговиот Vine.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии