До 2030 година сите возила на Volkswagen ќе имаат и електрична верзија

Германскиот производител на возила Volkswagen е најновата компанија која објави дека ќе ги замени возилата со електрични. Volkswagen ја објави оваа вест на саемот за возила во Франкфурт, јави Ars Technica.

Производителот за почеток најави дека до 2030 година сите возила што ги произведуваат ќе имаат и електрична верзија. Слична одлука неодамна донесе и Volvo; компанијата тогаш отиде и чекор понатаму и најави дека оваа генерација на дизел возила најверојатно е последната.

Одлуката која ја донесе Volkswagen важи за сите возила на групацијата. Ова заначи дека електрични верзии ќе имаат куп нови возила.  Дел од Volkswagen Group се: Audi, Bentley, Bugatti, Lamborghini, Porsche, SEAT, Škoda и Volkswagen. Останува нејасно како ова ќе влијае на возилата кои не се автомобили. Volkswagen е производителот и на моторцикли Ducati, но и производител на камиони MAN и Scania.

Компанијата досега претстави неколку концепти на електрични возила. Иднината е во ID, ID Buzz и ID Crozz. Првиот електричен автомобил треба да се појави во продажба во 2020. Во компанијата веруваат дека првата автономна верзија ќе биде достапна до 2025 година.