2020 година бележи рекордна продажба на монитори, првенствено поради пандемијата

Во 2020 година, особено во последните месеци од минатата година (октомври – декември) се имаат продадено 39.2 милиони монитори. Според IDC, оваа бројка ни приближно не била толку висока уште од 2011 година.

Во 2020 година, продажбата на монитори од компанија Dell пораснала за импресивни 19.3%, а веднаш зад неа се редат TPV, HP, и Lenovo. Најголемиот дел од колачот сепак го земал Samsung со зголемена продажба од неверојатни 30.6%.

Како главна причина за побарувачката се смета пандемијата која принудува дополнително негување на гејмингот како хоби. Паралелно со ова, зголемената продажба се должи и на тоа што многу компании станаа принудени привремено, делумно или целосно да работат од дома. Како третат причина се наведува и тоа што онлајн учењето има допринесено до значителен недостаток на лаптопи и голем процент од ученици купувале компјутери (и монитори!) првенствено за да можат да следат онлајн настава. Чисто за пример, само во Обединетото Кралство продажбата на лаптопи на крајот на 2020 година се има зголемено за 91%. Токму поради ова, се претпоставува дека продажбата на монитори ќе оди на горната линија и во 2021 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии