Ebay го менува PayPal како платежен партнер

Дејан Соколоски

во feature, Свет

По 15 години соработка eBay ќе го промени PayPal како главна платежна функционалност. Ова е оставено за 2020 година, а продавницата веќе работи со компанијата Adyen од Amsterdam на замена на PayPal.

Иако компанијата ја највува 2020 година како финална за ставање крај на плаќањето со PayPal, уште од оваа година ќе започнат да префрлаат дел од корисниците, јави Recode. Компанијата од Холандија единствено работи со трансфер на пари.

Причината за замената најверојатно е желбата за поголема заработка. Се проценува дека по промената на PayPal, eBay ќе заработи 2 милијарди долари повеќе. Причината за ова е што трошоците за трансакцијата ќе ги наплаќа eBay, наместо PayPal.

Ова најверојатно е добра вест и за дел од продавачите. Најавата е дека под eBay, трошоците за трансакција ќе бидат помали. Можноста за плаќање со PayPal останува и по 2020 година, но сервисот нема да има повластен статус.

Adyen е веќе партнер на повеќе големи компании. Клиенти на компанијата се и Uber, Netflix и Spotify. На почетокот на годинава компанијата најави дека се подготвува и за излез на берза.

Интересно, PayPal до 2015 година беше во сопственост на Ebay, но компанијата по советите на Icahn го креираше PayPal како спиноф компанија. Секако, по објавата на оваа вест паднаа акциите на PayPal. Главна причина за ова е што на eBay отпаѓа 50% од профитот на PayPal.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии