ТелекомуникацииПритисокот за иновација и трансформација поголем од било кога

Кои ИТ трендови и технологии ги донесоа најголемите промени во услугите кои им ги нудевте на вашите корисници во 2018 година?

Божидар Полдругач: Кога зборуваме за ИТ трендови и нивното влијание врз корисничкото искуство, постојат два главни аспекти кои е потребно да се разгледаат: прво надворешниот аспект, кој има веднаш видливи влијанија врз корисничкото искуство а потоа и внатрешниот аспект, фокусиран на квалитетот и ефикасноста на бизнис процесите. Почнувајќи од внатре, имаме постигнато огромни резултати што се однесува до техничката консолидација на мрежата и ИТ системите како и воведувањето на напредни ИТ технологии и модерни практики. Компанијата беше навистина зафатена со финализирање на процесот на консолидиција на мрежата за сите ИТ услуги што беа испорачани во 2018 година. Споредено со многу други, повеќе или помалку слични ИТ трансформации во целиот индустриски сектор, Вип направи паралелно две неверојатно успешни работи. Едната е поедноставување на портфолиото што ќе донесе поголема транспарентност и достапност за нашите корисници. Втората работа е успешна употреба на автоматска роботизација на процесите – RPA технологија – во домен на нашите CRM операции, што резултираше во исклучителна и ефикасна придобивка и подобрен квалитет на нашите процеси.

Што се однесува до директното влијание врз корисниците, треба да се потенцира важниот напредок во прифаќање на вештачката интелигенција и технологии за машинско учење што резултираше со успешно лансирање на првата четбот платформа на мајчиниот, македонски јазик. Нашата прва четбот платформа, позната како “Славчо”, беше многу добро прифатена и користена од нашите корисници. Во иднина сакаме да ја подобриме неговата практична употреба што би им користело на корисниците во нивните секојдневни интеракции со Вип. Осврнувајќи се на веќе докажаните – стандардни кориснички процеси, потребно е да се спомене ширењето на еден друг важен тренд од 2018 година што го трасира нашиот пат дo целосна дигитализација.

Кои ИТ трендови и технологии очекувате да бидат во фокус на вашата работа во 2019 година?

Божидар Полдругач: Ќе се концентрираме на понатамошно прилагодување и проширена употреба на веќе докажаните и модерни ИТ технологии што овозможуваат напредок на дигиталната трансформација и иновативно корисничко искуство. Нашата стратешка аспирација се стреми кон промена на корисничкото искуство и ефикасноста на процесите, што наговестува не само различна улога на вработените во првите редови туку и овозможување на корисниците да одберат што, како и кога сакаат да користат. Практично, нашиот пристап вклучува повторно пронаоѓање на постоечките процеси преку дигитално размислување, оптимизирање на back-office операции и систематско трансформирање на системите како би се овозможило дигитална, онлајн акција. Во поглед на технолошките напредоци, нашите следни чекори ќе се градат на иницијални достигнувања од 2018та во сферата на вештачката интелигенција и применето машинско учење како и автоматизација на роботски процеси и напредни self-care онлајн решенија. Се додека е во прашање нашата фундаментална мрежна инфраструктура , нашите приоритети остануваат алајнирани со нашата стратегија за клауд базирани VNF и SDN развојни решенија.

Покрај адаптирањето на нови технологии работиме и на два основни преуслови кои ќе ја детерминираат нашата улога и финалниот успех во овозможување на дигиталното општество на иднината. Едниот е во однос на градењето на структурна и културна агилност во организацијата преку развивање и регрутирање на дигитални таленти. Вториот предуслов се однесува на новиот пристап на стратешко партнерство и соработка со локални и регионални ИТ компании – партнерство со идната генерација на технологии – кои ќе ни помогнат да откриеме нови идеи за поефикасно работење како и за експанзија на креативноста и иновативноста над традиционалното ниво.

5G е нов технолошки стандард кој во наредните години најверојатно ќе биде најголемиот предизвик во телеком индустријата. Може ли да очекуваме во 2019 година во Македонија да се развие мрежа која може да овозможи технологија од 5G во иднина?

Божидар Полдругач: Апсолутно да, Македонија се смета за динамичен пазар отворен за нови технологии и технолошки иновации, при што Вип се смета за клучен играч на пазарот во развојот на 5G. Со постоењето на најсовремена мрежна радио инфраструктура, Вип ќе се фокусира на процесот на спектрални алокации на 5G мрежата во Македонија во 2019 година. Како што знаете, лиценцирањето и спектралната алокација е одлука на регулаторните тела, додека Вип е отворен и подготвен за соработка со владини тела и институции во креирањето на пазарни предуслови за ефикасно распоредување на 5G во Македонија. Истовремено, ние продолжуваме да ја надградуваме нашата оптичка инфраструктура, која, покрај спектарот, се смета за вториот основен фактор за успешен развој на 5G. Конечно, во 2019 година очекуваме понатамошен напредок во стандардизацијата на 5G, како и на појаснување на најчестите сценарија кои се релевантни за македонскиот пазар.

Според вас, мобилен телефон на годината е …

Божидар Полдругач: Samsung Galaxy S9+


Најчитани написи на IT.mk во 2018 на оваа тема: