200 милиони луѓе играат игри, вели Facebook најавувајќи гејминг промени

Но од друга страна постојат и корисници кои не играат игри, имаме корисници што ги сакаат игрите и тие што ги мразат. вели Facebook најавувајќи промени на како игрите се појавуваат во фидот за вести.

Корисниците кои не играат друштвени игри нема да бидат спамирани со постови од пријатели кои играат игри. На тие корисници ќе им се појавуваат постови само доколку група пријатели се приклучила на некоја нова игра, во случај да сакаат и тие да им се придружат. Oва е win и за гејмерите кои сега нема да ги спамираат пријателите кои не играат игри, и за не-гејмерите кои нема да гледаат игри кои не ги интересира.

Можеби приметивте дека по логирањето на вашиот профил Facebook ви покажува кратка порака. Тоа значи дека од сега поканите од игрите ќе се најдат во Games табот кој сега ќе биде поистакнат на левото мени. Исто така сега сите букмаркови од левата страна ќе бидат сортирани според користеноста во последните 30 дена

Подолу е график од 10 неверојатни статистики, изработен од AllFacebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии