Можеби Adobe треба да се фокусира повеќе на креирање одлични HTML5 уреди за иднината, и помалку да го критикува Apple зошто го остава минатото зад себе, вели директорот на Apple.

Еве дел од клучните точки наведени во писмото во кое Стив Џобс го брани ставот зошто е Flash непотребен за Apple-овите продукти:

  • Прво, тука е „отвореното“ – Adobe продуктите се 100% во сопственост. Тие се достапни само од Adobe. Без врска дали се тие широко достапни, тоа не значи дека се отворени, бидејќи се контролирани директно од Adobe. Flash е затворен систем, вели Стив Џобс додавајќи дека и Apple има заштитени продукти, но вели дека наместо да користи flash Аpple ги прифати HTML5, CSS и JavaScript сите отворени стандарди.
  • Второ, тука е „целосната мрежа“ – Adobe повторува дека Apple мобилните уреди не можат да пристапат до „целата мрежа“ бидејќи 75% од веб видеото е во Flash. Тоа што Adobe не го кажува е дека сето веб видео е достапно преку модерен формат, H.264 и е достапно на iPhone, iPod и iPad-и. YouTube со севкупно 40% од веб видеото, има апликација вметната во сите Apple-ови мобилни уреди.“
  • Трето тука е безбедноста, постојаноста и перформансите -Според Symantec во 2009 година Flash ги има најлошите резултати за безбедност. Знаеме дека Flash е број еден причината зошто Mac компјутерите се срушуваат.“
  • Четврто, тука е батеријата – За да се достигне подолготрајна батерија кога се гледаат видеа, мобилните уреди мора да го декодираат видеото во хардвер; декодирањето во софтвер користи повеќе енергија. Кога вебсајтовите ќе ги ре-енкодираат видеата користејќи H.264 тие ќе ги понудат без користење Flash.
  • Петто, тука е допирот-  Flash е дизајниран за PC кое користи глувче, не за екрани на допир кои користа прсти.
  • Шесто и најважно – Adobe сака девелоперите да го присвојат flash при креирање апликации кои ќе работат на нашите мобилни уреди. Ако девелоперите станат зависни од развојни библиотеки и алатки од надворешни трети странки, тие ќе ги искористат надградувањата на платформата само ако и кога третата странка ги присвои овие нови подобрувања. Не можеме да бидеме во милост на трети странки кои одлучуваат дали тие ќе ги достават нашите подобрувања до девелоперите.
  • Заклучот – Flash е креиран за време на PC ерата. Но мобилната ера е за мобилни уреди кои не трошат многу енергија, со интерфејс на допир и отворени веб стандарди – сите области каде Flash не успева.

10 коментари на “200.000 aпликации докажуваат дека на iPhone не му е потребен Flash

  1. Петто, тука е допирот- Flash е дизајниран за PC кое користи глувче, не за екрани на допир кои користа прсти.

    воа е глуп или са праве глуп ?

  2. Па тоа е тоа сега треба Adobe да прекине со поддршка на Mac и кои ке биде во загуба ?! Apple или Adobe ?!

    Инаку за батеријата да зема флешот но ајде нека седнат двата инжињерски тима нека најдат решение и на тој проблем, Мислам дека ова е мајмунска игра од Apple макар да ги сакам и ценам нивните производи.

  3. Добро те разбрав. Но ако Apple дозволат Flash во iPod/Pad/Phone, тогаш ќе биде мешавина и едноставно цел маркет нa Apple продавницата ќе се распадне. Многу пари се во прашање. И плус како што кажа Џобс, многу батерија ќе зима Флешот.

  4. Не си разбрал (или јас не сум бил јасен):
    Сакав да кажам дека голем дел од својот подем Apple го должи на Adobe, поради фактот што Photoshop е една од клучните апликации кои го помогнаа тој подем.
    Сега, наместо да ја возврати услугата и да работи заедно со Adobe на подобрување на Flash-от, Стив Џобс ги шутира наоколу. Педерски, да простиш.

  5. А бе, ајде!
    200 милиони COBOL апликации покажуваат дека на светот не му е потребен Apple и Стив Џобс.
    Овој ми личи на нашиве политичари.

    Ако никој друг, барем Стив Џобс и Епл немаат право да го „шуткаат“ Adobe — основниот пакет кој и ден-денес се употребува на било кој десктоп компјутер на Apple е Photoshop.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии