20 години Google Search

Дејан Соколоски

во Веб

Image courtesy of Google

Дали се сеќавате на пребарувачот AltaVista? Пред повеќе од 20 години беше еден од најдобрите и најкористените пребарувачи. Сепак две години по нив се појави Google. AltaVista имаше успеси и падови, во 2003 компанијата ја купи Overture Services, а во 2010 Yahoo кој тогаш ја купи Overture Services, го затвори AltaVista прелистувачот. Оттогаш не постои веќе ниту Yahoo, но компанијaта која започна две години по AltaVista, денес е најкористениот пребарувач.

„Кога Google започна пред 20 години, наша мисија беше да ги организираме информациите од светот и да ги направиме корисни и достапни од целиот свет. Ова тогаш изгледаше на лудо амбициозна мисија во тоа време. Иако во 1998 интернет имаше само 25 милиони веб страници.

Скок нанапред, до денешно време, индексиравме стотици милијарди страници во нашиот индекс – повеќе податоци отколку што има во сите библиотеки на светот заедно. Пораснавме да не користат луѓе од целиот свет, нудиме пребарување на 150 јазици во над 190 држави“, потсетува Google на својот блог.

Ако пред 20 години вистинскиот предизвик е како да се пронајдат страниците на кои беа прикажани релевантни информации, денес главниот предизвик е во вештачката интелигенција и пронаоѓање на одговори и во слики и во видеа.

Google најверојатно е компанијата која не само што најмногу влијаеше на моделирањето на интернет, туку и премените на интернет најмногу се забележуваа на Google. Дури и промените на навиките на корисниците може да се забележат од префлањето на десктоп на мобилен интернет. Следниот голем чекор и за интернет, а и за светот е вештачката интелигенција, а Google повторно е на самиот врв. Што ќе донесе иднината ќе мора да почекаме и да видиме…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии