16-та Конференција на МАСИТ: Податоците како предуслов за меѓународна конкурентност

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Минатата недела се одржа 16-тата конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Фокус на конференцијата овј пат беа податоците, а своевиден работен анслов на настанот е – DATA AS AN ASSET.

„За да се надминат овие состојби (постојаната потреба од адекватен кадар и задржување на вработените) секторот ќе треба да инвестира во: професионализација на кадарот, развој на секторска стратегија, посебно во идентификување на пазарите, понуда на нови – иновативни продукти, да го спроведе процесот на дигитализација и да го продолжи дијалогот со владините институции за прилагодување на постојните политики кон потребите на пазарот“, вели Стефан Томаџан – Заменик шеф на мисија на Амбасадата на Швајцарија.

Податоците се пресудни за успехот и конкурентноста на секој бизнис, а ова секако важи и за компаниите од ИКТ секоторот. Иако податоците мора да бидат во центар на сите одлуки и процеси на носење на одлуки, сепак мора да бидат инструмент на доверба. Компаниите кои носат одлуки врз базиа на податоци, се поупешни во своето работење, оттука, податоците се главен критичен фактор за успех.

Конференцијата беше искористена и за промоција на Регистарот на население, и најава за Националниот портал за е-услуги.

„Регистарот на население овозможува собирање на податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци за граѓаните без потреба од рачно одржување и ажурирање“, вели министерот Дамјан Манчевски.

Во дискусиите се говореше за Big Data & Analytics, бизнис интелигенција,бизнис анализа, развој на бизнис, машинско учење, вештачка интелигенција, роботика, паметен дон, интернет на нештата… На конференцијата имаше над 200 претставници од домашните и странските ИКТ компании, но и компании од други сектори, како и претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската и меѓународна дипломатска заедница, академски претставници од ИКТ научната област медиуми и други.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии