16-годишник направи уред кој го претвара здивот во говор

Арш Шах Дилбаги од Индија има само шестнаесет години, а неговиот изум може да го промени животот на на илјадници луѓе кои имаат пречки при говорот или дури и не можат да говорат, меѓу кои е и најпознатиот научник во светот, Стивен Хокинг. Неговиот проект TALK е еден од финалистите на Google Science Fair 2014, и станува збор за уред за проширена и алтернативна комуникација (AAC).

Уредот на кој работи младиот Дилбаги, ќе го конвертира здивот на луѓето во букви кои понатаму корисниците ќе ги користат за зборови или фрази, притоа ќе работи три пати побрзо од сегашните AAC помагала. Втора и можеби исто толку важна предност колку и брзината е што уредот на Дилбаги би можел да биде со цена под 100 долари.

[youtube]kwJ3uTXDpnU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии