15 совети за заштита на кредитни картички

IT.mk редакција

во Совети

{mosimage}Бројот на корисници на кредитни картички во светот, како и во Македонија, драстично се зголемува, а со тоа паралелно и сајбер криминалците се обидуваат да изнајдат нови начини како да дојдат до информациите поврзани со картичките и истите да ги злоупотребат. Крадењето преку пластична картичка со магнетна лента е многу полесно отколку ограбување на банка, па затоа и големиот интерест од нивна страна.

Во последните неколку години во Македонија се забележани голем број случаи со фалсификување на кредитни картички што наведува дека овој вид на модерен криминал и кај нас е доста актуелен, во најновиот криминален акт од овој вид беа украдени над 80.000 евра.

Со цел да ви помогнеме да ги заштитите вашите кредитни картички од злоупотреба, еве неколку едноставни совети кои секогаш треба да ги имате на ум:

  • Откако ќе ја добиете кредитната картичка од вашата банка, веднаш потпишете ја на задната страна со пенкало чие мастило нема да се избрише доколку поминете со прст над него.
  • Кога пазарите со кредитни картички, секогаш внимателно следете го начинот на тоа како продавачот ја употребува картичката. Избегнувајте ситуации каде што картичките ќе бидат искористени за наплата без да имате можност да го гледате процесот. По враќањето на картичката, осигурајте се дека ви е вратена вашата картичка.
  • Никогаш не го давајте бројот на вашата кредитна картичка преку телефон доколку вие не сте иницијатор на повикот. Дури и во случаи каде што вие го започнувате телефонскиот разговор, обидете се да пронајдете алтернативни начини за доставување на бројот на картичката.
  • Во НИКОЈ случај не одговарајте на е-маил пораки кои ви бараат да ги внесете податоците од кредитната картичка или други лични податоци, дури и кога ќе ви биде даден линк во е-маилот до сајт каде што "треба да го внесете бројот од картичката". Не ни кликнувајте на линкот!
  • Кога посетувате некој сајт на кој планирате да ја употребите вашата картичка, секогаш проверете дали сајтот е заштитен со SSL или слични протоколи (обично има катанец во десниот долен корнер од прозорецот)

{mosimage}

  • Чувајте ги внимателно сите информации, документи и апликации поврзани со вашите кредитни картички. Бидете внимателни со секој добиен извештај од вашата банка, не го фрлајте туку така во ѓубре.
  • Детално проверете го секој извештај поврзан со кредитната картичка и уверете се дека нема некои сомнителни наплати. Во случај да забележите нешто невообичаено или наплатена сума за која не се сеќавате, веднаш контактирајте ја вашата банка.
  • Вашиот ПИН код запомнете го! Не го запишувајте никаде. Особено немојте да го чувате запишан на ливче во вашиот паричник заедно со картичката, колку и да звучи ова едноставно, досега се забележани многу случаи каде што крадците начекале ваква "премија".
  • Бидете внимателни кога го внесувате вашиот ПИН код при пазарање или на банкомат. Во ситуации каде што околу вас има други луѓе или камери, заштитете го со поставување на дланките над тастатурата.

{mosimage}

  • Никогаш не ја позајмувате вашата кредитна картичка на некој друг, ниту пак ја оставајте да лежи на вашата маса. Доколку патувате некаде, носете ги картичките со вас или оставете ги на некое сигурно место.
  • Доколку ја изгубите вашата кредитна картичка, веднаш повикајте ја банката, откажете ја и побарајте нова со друг број.
  • При користење на банкомати, внимавајте на камери или додатни делови во просторот за внесување на картичката кои изгледаат сомнително. Голем број криминалци користат разни направи и мини камери за да дојдат до вашите податоци. Еве неколку примери.
  • Никогаш не потпишувајте празна сметка или сметка која не е целосно испечатена. Подоцна може многу лесно да бидат додадени податоци и да ви биде наплатено повеќе од очекуваното.
  • При онлајн пазарење, доколку ви биде понудена не ја одбирајте опцијата за зачувување на бројот на кредитната картичка на вашиот профил.
  • Внимавајте на социјалниот инжинеринг – разни тактики и пристапи кои ја искористуваат човечката природа и доверба. Голем број на сајбер криминалци можат да ви се јават телефонски и да се претстават како лице од некоја компанија, вашата банка или слична институција и да ви ги побараат информациите од картичката. Во вакви случаи доколку повикот звучи навистина веродостојно, прашајте ја личноста дали може да им се јавите назад и побарајте го нивниот телефонски број. Веднаш потоа проверете го на интернет, во именик, со повик на информации или сл.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии