The Pilot ќе ви помогне да се разберете со секој

Најверојатно Universal Translator од Star Trek е првата работа која ќе ви падне на памет кога прв пат ќе го видите The Pilot, уредот за симултан превод од Waverly Labs.

Уредот е супер интересна иновација која овозможува превод во реално време, а составен е од три дела, две слушалки и паметен телефон. Паметниот телефон се користи единствено за избор на јазик и инсталирање на јазикот на слушалката, понатаму не учествува во комуникација или во преводот. Она што Pilot го овозможува е непречена комуникација на неколку јазици, соговорниците се разбираат сo помош на уредот, како да разговараат на истиот јазик. Проблемите би можеле да се појават кај потврдите дијалекти, но во иднина и ова би требало да биде надминато. Првите јазици кои ќе можат да бидат преведувани се: англиски, шпански, француски и италијански. Најавени се и неколку азиски јазици, хинду, израелски, словенски јазици, арапски, но и африкански јазици. Јазиците кои дополнително ќе се додаваат ќе бидат бесплатни.

The Pilot започнува со претпродажба на Indiegogo на 24-25 мај, првите уреди ќе се продаваат за 130 долари, а потоа цената постепено ќе расте. Во продавница уредот би требало да се појави наесен и ќе чини помеѓу 250 и 300 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии