Компанијата која ја најави првата тепачка со роботи, MegaBots Inc, успеа да собере 2,4 милиони долари за реализација на тепачките на роботи. Стартапот сака да овозможи борби на роботи кои сме ги виделе единствено во филмовите или видеоигрите. Борбите со џиновските роботи би бил исклучително атрактивен спорт за гледање, иако треба да се направат повеќе роботи кои ќе се тепаат. Можеби затоа на тимот на Megabots му се приклучи Кристофер Вритон, кој е претставник на Олимпискиот комитет, но и организатор на професионалните лиги во САД, како NBA, MLB и NFL, јави TechCrunch.
Поради димензиите и тежината на роботите, организацијата на борби нема да биде едноставна. Дополнително бројот на веројатни производители на роботи не е премногу голем, на листата, освен MegaBots, е и јапонскиот производител Suidobashi, но тука листата на хуманоидни џиновски роботи завршува. Првиот ревијален натпревар помеѓу роботите е токму помеѓу овие две компании, а во моментот и двете компании работат на „борбени“ верзии на роботи.
Покровители на лигата, всушност инвеститори во Megabots се Azure Capital Partners, AME Cloud Ventures, Autodesk, Maveron и ангел инвеститорот Реј Ротрок. Инвеститорите очекуваат од средствата да биде креира роботот за првата борба, а потоа понесени од интересот на публиката да обезбедат дополнителни спонзорства, и можеби договор за телевизиски преноси.







