ИТ настан: Заедничко гледање на Google I/O Extended во Скопје со Web Factory

Image courtesy of Google

Сите Google ентузијасти се поканети на заедничко гледање на Google I/O Extended и дружење во просториите на Web Factory. Настанот ќе се одржи на 18 мај, a започнува во 18:00 часот со запзнавање на посетителите. Потоа следи гледање на главната презентација од конференцијата на Google, средување на впечатоците и дискусиja. Во зависност од интересот можеби ќе бидат проследени и останатите презентации, велат организаторите.

Google I/O е настан на кој компанијата ги презентира идеите за иднината на технологијата која потекнува од компанијата. Оваа година е прва откако Google се реструктураше во Alphabet. Со оглед на тоа дека компанијата веќе ја презентираше новата верзија на оперативниот систем Android N, оперативниот систем нема да биде во фокусот, а дел од шпекулациите целат дека оваа година Google би можел да излезе со подобар Android VR и подобар Gear VR. Најверојатно дел од конференцијата ќе бидат и автономните автомобили, телефонот за проширена реалност Project Tango, модуларниот телефон Project Ara, но и Android Wear часовниците и Android TV…

Присуството е бесплатно, но бидејќи местата се ограничени, барањето за резервации се чини разумно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии