Twitter и Facebook не сакаат нивните партнери да го промовираат Snapchat

Twitter и Facebook се согласија околу една работа, двете компании го гледаат Snapchat како сѐ посериозна конкуренција, побараа од издавачите и брендовите да престанат да ги промовираат своите snapchat профили на нивната платформа.

Mic и The Huffington Post веќе не го користат својот snapcod на Twitter, односно не го поставуваат како слика на своите профили. Facebook ги убедувал своите медиумски партнери да не ги користат snapchat линковите ниту на Instagram. „Повеќе не можете да ставите snapchat линкови на Instagram. Забрануваат надоворешни линкови. Доколку се обидете, нема да може да го направите ова“, вели Џастин Резвани од Amplify за Digiday.

Најголемиот проблем и она што всушност и му недостасува на Snapchat за да биде вистинска платформа е ефикасен начин за пронаоѓање на содржини. Компанијата има 100 милиони корисници секој ден, но немаат начин за ефикасно откривање на профили. Досега ги користеа каналите на социјалните мрежи кои им се на располагање, но сега ќе мораат да пронајдат друг начин, а најверојатно тимот на Snapchat наскоро ќе го надгради пребарувањето во апликацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии