Intel објави манифест: Иднината е во облакот, IoT и 5G мрежа

Намалeната продажба на компјутери го принуди Intel да престане да размислува за себе како производител на процесори, и да започне да размислува за повеќе различни области. Директорот на компанијата. Брајан Крзанич, го објави новиот манифест во која зацрта пет точки кои ја демонстрираат иднината на компанијата. Иако Intel веќе неколку години наназад работи на новите технологии, сепак манифестот покажува дека PC-то веќе не е приоритет.

„Нашата стратегија е да го трансформираме Intel од PC компанија во компанија што го поддржува облакот и милијарди паметни и поврзани уреди“, вели г. Крзанич.

Во тој манифест, компјутерите и процесорите станаа само една од гранките на интерес. Облакот и серверите, податочните центри и виртуелизација, 5G мрежите и Интернет на нештата се иднината на Intel, вели г. Крзанич. Но, Intel е заинтересиран и за сензори, автономни возила, 3D XPoint меморија, но и производствени технологии. Сепак ова не е новост за Intel за кој и досега над 40 отсто од заработката доаѓа надвор од процесорите и компјутерите, пренесува PC World.

Но, за најголем дел од областите во објавениот манифест конкуренцијата е голема. Microsoft, Google и Amazon се само дел од компаниите кои ќе бидат конкуренција за податочните центри и виртуелизацијата. Кај возилата конкурент ќе им биде партнерот за компјутери, Nvidia, кој веќе презентираше мини суперкомпјутери кои се базирани на графичките процесори, но и Tesla Motors, Apple и Uber, како и сите производители на автомобили предвдени од BMW, Audi, Mercedes, Volvo… иако за Intel сите овие компании претставуваат потенцијални партнери бидејќи Intel со години е шампион во индустријата на процесори. Компанијата ја има можеби најдобрата технологија за смалување на процесорите, но истовремено правејќи ги помоќни од било кога за да можат да ја движат IoT револуцијата.

1 коментар на “Intel објави манифест: Иднината е во облакот, IoT и 5G мрежа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии