САД ќе „фрла сајбер бомби“ врз Исламската држава

САД започна со сајбер напади врз Исламската држава (ISIS) во обид да ги намалат можностите на терористите за регрутирање и комуникации преку друштвени мрежи, и финансирање преку онлајн сервиси. Нападите ги врши сајбер команда која е формирана пред шест години, вели New York Times. Станува збор за пандан на Националната агенција за безбедност (NSA), кој вообичаено е насочен кон Иран, Русија, Кина и Северна Кореа. Истовремено ова се државите од кои најчесто потекнуваат нападите врз САД.

Она што е интересно е тврдењето на Роберт Ворк. кој е заменик на Секретарот за одбрана, дека ќе „фрламе сајбер бомби. И ова нешто не сме го правеле претходно“. Сепак за нападот со Stuxnet, кој ја уништи нуклеарната програма на Иран, долго време сe сомнева дека е заедничка акција на САД и Израел. Кампањата е на неколку нивоа, па освен прекинување на каналите по кои Исламската држава вообичаеано ги регрутира своите следбеници, акцијата подразбира и испраќање на пораки кои ќе излегуваат од сајбер командата на САД.

Сепак, оваа кампања не е без опасност. Дел од агенциите и експертите предупредуваат дека постои можност нападите да ги натераат терористите да користат пософистицирана технологија за комуникација, а со тоа нивната комуникација ќе биде многу потешка за следење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии