Според Apple треба да го смените iPhone по три години

Дејан Соколоски

во Хардвер

Три години. Само толку треба да ви трае вашиот iPhone, iPad и Watch, вели Apple. Компанијата смета дека корисниците би требало да ги заменат своите уреди по три години, иако чинат околу 700 долари. Лаптоп и десктоп компјутерите треба да ги замените по четири години. „Годините на користење кои се за првите корисници се – четири за OS X и tvOS уреди, и три за iOS и watchOS уреди“, вели Apple во својот извештај.

Ова се разбира важи единствено ако сте први корисници на уредот. Ова е отприлика две итерации на оперативниот систем, а потоа нема поддршка за поновите верзии. Ова и досега беше пракса, па не доаѓа како изненадување. Но, ова не значи дека треба да го фрлите уредот, бидејќи хардерот на Apple се покажува сериозно компетитивен и после 4-5 години. Часовниците од друга страна изгледаат прескапи за менување на секои три години.

Интересно е што извештајот го спомнува MasOS кој беше заменет со OS X. Засега компaнијата не најавила ребрендирање на оперативниот систем, па останува да видиме дали тоа можеби ќе се случи наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии