Facebook тестира свои WiFi антени за брз интернет во густо населени средини

Facebook ќе предложи фреквенција од 60GHz која би се користела за интернет сообраќај во густо населените урбани средини. Прокетот Terragraph веќе се тестира во седиштето на социјaлната мрежа во Пало Алто, Калифорнија, а наскоро е најавен и поголем тест во Сан Хозе. Проблемот на оваа фреквенција е што и помалите препреки го блокираат сигналот, а решението на Facebook е креирање на мрежа која ќе ги заобиколи ѕидовите. Дополнително радиусот на реонот кој се покрива е мал, па за покривање е потребен поголем број на антени кои се поставени на растојание од 250 метри.

Антените се постaвуваат на столбови, а за нивно поставување може да се искористат постоечките светилки. Технологијата овозможува доволна флексибилност за да може да се заобиколат препреките. Тестовите во Сан Хозе треба да ја докажат употребливоста на Terragraph во урбаните средини. Градот е со повеќе населби со различна топографија, па треба да биде доказ дека Terragraph може да се користи и надвор од лабораториски услови. Во моментов во овој опсег, има слободен спектар од околу 7 GHz, но голем дел од напредните држави работат на ослободување, па во иднина се предвидува ширината на слободниот спектар да биде 14GHz.

12995596_1588595368104928_498031687_n

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk