#StartupSelfie со Марти Сосар, основачот на SportID

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Мојот следен #StartupSelfie гостин го сретнав на вратата на Garage48 Hub. Беше мојот последен закажан состанок за тој ден и беше во одлично време за да го видиме розевото небо над Талин. Секој што ме знае ќе потврди дека ги сакам боите на зајдисонцето, и ако има можност да се качам на покрив, тогаш тоа е идеална комбинација за мене. Затоа, се упативме кон Rooftop бар, што беше блиску до Hub-oт, на само неколку минути пред да се смрзнеме.

Бев навистина љубопитна да ја чујам приказната зад SportID и како директорот Марти Сосар го разви тој стартап?

„Никогаш не го гледав SportID како стартап, но откако бев дел на Startup Wise Guys програмата и видов како се променува размислувањето кај нашиот тим, може да се каже дека сега сме. Целата акцелераторска програма ни даде поттик и ни помогна да ги синхронизираме сите процеси. Моето претходно искуство со спортовите и бидејќи имаме многу компании кои имаат корпоративни полиси за добро здравје, беше причината зошто ми дојде таква идеја. Ова е причината зошто ја градиме најдобрата платформа за менаџирање на здравјето за компаниите – SportID и зошто се трудиме да ги направиме вработените пофит и попродуктивни. Исто така, организираме многу забавни спортски настани за компаниите на Естонската федерација за компаниски спортoви. Како спортска компанија сме навистина компетитивни. Веќе 3 години се одржуваме со наши ресурси, и денес сме лидери на пазарот во тоа што го правиме, и не само во Естонија, туку во Литванија и Латвија. Во следниот период се обидуваме да изградиме бизнис модели кои ќе нѐ внесат во германскиот и австрискиот пазар, и се надеваме да се прошириме во тие земји наскоро“, вели Марти.

Беше исто интересно да се чуе што тој мисли за естонскиот екосистем и да научам за неговата претприемачка авантура. Исто така го прашав за совет за некој што сака да стартува бизнис…

„Во Естонија во моментот екосистемот експлодира! Има промени во начинот на размислување меѓу помладата генерација, и властите ги поддржуваат новите и иновативни бизнис идеи. Сигурен сум дека властите не се подготвени како и во другите земји, и дека има секогаш можност за подобрување, но тука предноста е што е можеме брзо и лесно да ги промениме работите. Слабоста на овој пазар е што е мал и е навистина тешко да се најде добар тимски играч, бидејќи конкуренцијата е навистина тешка. Можеби највредниот совет што можам да го дадам на луѓето што сакаат да стартуваат свој бизнис е – наместо да мислите дали некој бизнис ќе биде профитабилен или не, започнете со бизнис кој сакате да го работите. Бидејќи на крај, трошиме премногу време работејќи, па зошто да не го направиме тоа да биде забавно? Не градите стартап бидејќи сте чуле дека „стартап светот“ е кул и тренди сега, направете го тоа бидејќи имате желба да направите нешто. Ќе наидете на многу проблеми и пречки по патот, но за мене, никогаш не постоеше момент каде размислував да се откажам од SportID. Треба да продолжите да одите напред и како во Естонија, поради ладното време, да поминете повеќе време внатре и да работите повеќе“, вели Марти.

Беше навистина задоволство да се разговара со Марти, додека уживавме во панорамскиот поглед врз фасцинантниот Талин. Му посакувам нему и на неговиот тим да продолжи со ширењето на својот бизнис, и се надевам дека по Германија и Австрија ќе го прошират SportID и во многу други земји ширум Европа.