Brave е нов прелистувач кој блокира реклами и ви плаќа да го користите

Нов прелистувач кој блокира реклами сака да им плаќа биткоини на корисниците кои го користат. Brave ќе ги замени рекламите на медиумите кои корисникот ги чита со сопствени реклами, а потоа ќе го исплаќа во биткоини за гледањето на реклами. Brave е прелистувач креиран од Брендан Ајх, ко-основач и поранешен директор на Mozilla.

Планот е прилично едноставен. Brave ќе ги замени оригиналните реклами со сопствени и ќе им наплати на клиентите кои се рекламираат. Потоа овие средства ќе се распределат 15 отсто на корисникот што ја гледа рекламата, 55 отсто на креаторот на содржини, а компанијата ќе заработи 15 отсто од рекламите. Преостанатите средства одат кај партнерите на Brave.

Но, доколку планот ви изгледа невообичаен, не сте единствени. Големите американски медиумски куќи како New York Times и Washington Post веќе размислуваат како да го забранат прелистувачот. „Ќе ти земам 10 долари од новчаникот, и ќе ти дадам 5, а ти не си задоволен поради ова?“, вели Дејвид Чаверн, претседател на Асоцијацијата на весници на Америка. Дел од медиумите се и поостри во осудата, споредувајќи ги креаторите на прелистувачот со крадци на содржина.

Во моментов секој десетти читател користи AdBlock, прелистувачот Brave го користи уште помал број корисници и можеби ова е маркетинг трик со кој ќе се обидат да привлечат повеќе корисници. „Ги разбираме проблемите на издавачите предизвикани од софтверот за отстранување на реклами. Но ја одбиваме можноста дека прелисувачот преобјавува содржини и повторуваме дека Brave има одржлив план за финансиска награда за издавачите“, вели Brave за Financial Times.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии