Интернет на нештата треба да биде безбеден пред сѐ друго, вели основачот на Linux

Дали „Интернет на нештата“ доаѓа со сериозен проблем? Според основачот на Linux, Лунус Торвалдс, во време на сѐ повеќе поврзани и паметни уреди, луѓето ја занемаруваат безбедноста. „Никогаш не можев да замислам цел ланец кој ќе оперира на Linux. Пред 25 години започнав со Linux бидејќи сакав работна станица, од ова до првите сервери не беше изненадување, не постои една точка која ме изненади; но по 15 години започнав да ги гледам овие чудни вгнездени системи. Првиот кој го забележав беше бензинска пумпа на Linux“, вели г. Торвалдс.

Најголемиот проблем на IoT уредите е безбедноста, бидејќи уредите излегуваат за прекусо време за да можат да бидат проверени, а по нивното излегување често софтверот не може да биде „закрпен“. Проблемот е сличен со фрагментацијата на Android, каде надградбите на оперативните системи често се предолги кога ќе се вмешаат повеќе компании со куп уреди.. Така иако Google брзо го надградува софтверот на Nexus уредите, прилагодувањето за сите телефони трае предолго, па дел од тлефоните од различни производители не ни стигаат до безбедносни надградби.

Сепак безбедноста која можеби е најголем проблем на корисниците, не е единствениот проблем. Неодамна сопствениците на Revolv Smart Home Hub дознаа дека од следниот месец, нивниот скап уред ќе биде само потпирач за книги. Компанијата од околу две години е во сопственост на Nest, кои сега одлучија дека ќа ја прекине поддршката за сервисот преку кој се контролира паметниот дом, од светилките до паметно лонче за кафе, јави Wired.

Проблемот не е овој уред и Nest, туку што самиот екосистем е во рана фаза, па задржување на довербата е можеби најважниот елемент. Дел од компаниите без сомневање ќе ја променат сопственоста и доколку и нивните нови сопственици одлучат да ја прекинат поддршката, може да има сериозни последици за интересот на корисниците. Очигледно решение е овие уреди да се користат без облак сервис, па можеби дури и да се прилагодат за користење преку Bluetooth. За жал, користењето без ваков сервис нема да им ги покажува податоците и навиките на корисниците на производителите, па нема да можат да ги прилагодат за нивните потреби.

1 коментар на “Интернет на нештата треба да биде безбеден пред сѐ друго, вели основачот на Linux

  1. А да ѕирневте шо се дешава кај новиот стандард за IoT, oneM2M ? Или тој не е интересен, пошо јавноста го знае околку колку што знае за 3GPP – a таму не се Google и Apple па да плаќаат за маркетинг :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии