Линкањето до пиратска содржина е легитимно, вели Европскиот суд на правдата

Линкање до пиратска содржина која е веќе јавно достапна, не е нарушување на интелектуалната сопственост. Ова е ставот кој советникот на Европскиот суд на правдата, јавниот правобранител Мелкиор Вателет го испрати, јави Torrentfreak. Судот во последните години има неколку случаи кои обвинуваат за нарушување на интелектуалната сопственост преку линкови.

„Линкови кои водат, па дури и директно до заштитени дела и содржини не ги прават јавно достапни, доколку тие се веќе достапни за јавноста на некој друг вебсајт и единствено служат да го поедностават нивното откривање“.

Сегашната пркаса и закони велат дека линковите не можат да се третираат како повреда на интелектуалната сопственост доколку водат до содржина која е легално споделена и јавно достапна. Доколку се усвои и оваа промена линковите нема да бидат против-законски дури и кога водат до пиратирана содржина. Споделувањето на пиратирана содржина се разбира останува противзаконско.

Доколку судот го потврди советот на правобранителот, оваа одлука ќе биде применувана, односно ќе се користи како водич во судските спорови во сите држави членки на Унијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии