Популарните DotA турнири ќе се следат преку виртуелна реалност

Една од најпопуларните видеоигри, Dota2, ќе стане уште повозбудлива за следење. Последниот DotA International турнир имаше публика од 20 милиони следачи, некои на стадионот, поголем дел на стримовите. Но, со виртуелната реалност сите ќе добијат можност да се внесат во играта, и да прегледуваат мапи, борби и статистика на тимовите. Од она што може да го видиме од првото видео, виртуелната реалност ќе има мапа, заедно со класата на секој од учесниците, а притискање на базите на тимовите ќе се отвораат виртуелни екрани со статистика. Засега нема податоци за достапноста на новитетот од Valve, но Polygon потсетува дека Dota 2 International турнирот оваа година ќе се одржи од 8 до 13 август.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии