Facebook ќе форсира видео во живо; Instagram ќе дозволи видеа од 60 секунди

Facebook навистина верува дека видеото во живо ќе биде следниот голем хит. Најавена е промената на iOS и Android апликацијата кои сега имаат посебен дел за видео стрим. Ако не ја забележувате оваа промена, причина за ова е што засега видео табот е во тест фаза и е достапен на многу мал процент од корисниците. Но, определбата на Facebook за видео платформа на завршува тука; социјалната мрежа ќе им плаќа на дел од креаторите на видео за да креираат стримови во живо. Се чини дека во моментов Facebook е во преговори со дел од медиумите, пример Verge јави дека Vox Media која е нивен сопственик, е во финална фаза на преговори со социјалната мрежа.

live-creative-tools-ios

Сепак што се однесува до стримањето во живо, Facebook има сериозна конкуренција. Оваа недела американската рагби лига NFL објави дека ќе ги пренесува натпреварите од четврток директно на Twitter, a Snapchat од поодамна е еден од пионерите за видео содржина. Бројот на корисници овозможува Facebook да започне со сервис за стримање, но најголем дел од овие корисници иако поминуваат долго време на социјалната мрежа, тоа е на повеќе постови. Дополнително интернет сообраќајот потребен за видео стриминг, ќе претставува посериозно оптоварување на интернет пакетите за мобилните платформи.

Заедно со промените на видеото на Facebook, најавена е промена и на должината на видеата на Instagram. Instagram е во сопственост на Facebook, иако функционира самостојно. Досегашните 15 секунди сега се 60 и за обичните корисници. Можноста за подолго видео постоеше и досега, но единствено за рекламите. Бројот на корисници кои гледаат видео на мрежата за споделување на фотографии е зголемен за 40 отсто, вели компанијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии