140.мк со неколку промени во следењето, таговите и актуелните теми

Опцијата за следење на други корисници е променета така што е додадена нова follow опција. Но нема unfollow опција за да се отстрани корисник.

„Да напоменеме две работи во врска со ова. За да се заштедат повици до твитер ги кешираме следењата и затоа се ажурираат на одредено време па може да се случи да видите дека следите корисник кого сте одлучиле да не следите или обратно. Втората работа е непостоењето на unfollow опција, сметаме дека опцијата не припаѓа на нашиот сервис и дека ако некој се одлучи на таков чекор секогаш може (и треба) да ја користи страната на Твитер.“ пишува на блогот на 140.мк.

Друга промена е што таговите и корисничките имиња сега можат да се кликаат. Таговите водат кон 140.мк страната со тагови, додека линкот на името води кон официјалниот Twitter профил.

Исто така додадено е филтрирањето на актуелните теми според период. Сега актуелните теми ќе бидат распроделени според 4 периоди: актуелни во последниве 24 часа, недела, месец и за сите времиња.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии