14 борбени трејлери за Monster Hunter: World

Monster Hunter: World, една од најголемите новитети од Е3 конференцијата на Sony и понатаму продолжува со потплалување на гејмерските страсти. Играта која првин ќе излезе за конзолите, а потоа и за PC се чини дека ќе ги задоволи борбените вкусови и на најпребирливите гејмери. Низ следниве 14 трејлери можете точно да процените на кој начин ќе навлезете во огромниот свет и како ќе ги покорите предизвикувачките чудовишта.

Стандардниот лак и стрела со нестандардна големина и употреба

Сечило кое се добива со вклопување на меч и штит во убиствена комбинација. Вакво нешто е потребно во секој дом.

Две сечила кои ќе ви покажат дека часовите за балет конечно се исплатат

Големиот меч е сушта спротивност на претходниот пар оружја. Оружјето жртвува брзина за поголема деструкција и крши неколку закони за физика во процесот. Нема ништо смешно во ова.

Хибрид на копје и огнено оружје кое некако се наметнува како супер кул начин за водење постапокалиптични битки. God of War немаат ништо со ова.

Чеканот е одлична алтернатива на големиот меч. Кревајте со свиткани колена!

Огнено оружје од тешка категорија кое тешко дека ќе разочара некого

Ловечки рог од епски пропорции, солидна алтернатива на чеканот и еден од најпосакуваните музички инструменти за на свадба

Сечило и помошник во форма на инсект. Сите штурци се крајно импресионирани

Копје за исполнување средновековни соништа и витешки аспирации

Хибрид од лак и огнено оружје. Тимот вели дека е од лесна категорија, но, од она што го видовме ние, нема ништо лесно тука

Меч за сите самураи кои чувствуваат потреба за задоволување на нивното преголемо его

Од една страна секира, од друга – меч кој не се срами да ги искористува моќите на елементите и да заборави да им се јави утредента

Стариот, добар меч и штит кој е добар за почетници и за сите оние кои се способни да одолеат на претходните уникатни оружја за да одат со апсолутно најздодевната комбинација од сите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии