ИТ настан: Студентите од ФИНКИ организираат Startup Workshop

Студентите од ФИНКИ организираат работилница на која ќе се дискутираат предизвиците кои ги чекаат кога ќе основаат стартап. Startup Workshop е организиран како дел од истражувањето за „Зајакнување на стартап заедницата во Македонија“. Настанот е отворен за сите студенти кои ќе слушнат предавање од Теди Пејоски од G6 Solution, Коста Петров oд PWorld и Љупка Митриновска од Фондот за иновации и технолошки развој.

Ангажирањето и мотивирањето на студентите за креирање на сопствени стартап компании е дел и од предлог планот на Френк Нојригат кој го анализираше македонскиот стартап ексосистем. Без сомневање за заживување на стартап сцената ќе бидат потребни многу поголеми напори, но оваа работилница е чекор во вистинската насока.

Настанот се одржува на Машинскиот факултет на 8-ми април, со почеток од 10 часот, пред овој настан од 9 до 10 часот, предавање ќе имаат основачите на Grouper.mk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии