Tesla ќе заработи 10 милијарди долари oд Model 3 за само два дена

Дејан Соколоски

во Останато

Само од нарачките на Model 3, Tesla Motors досега собра 10 милијарди долари. Нарачани се над 276.000 модели на Model 3, што ги надмина сите очекувања, дури и очекувањата на секогаш оптимистичкиот Илон Маск.

Цената на Model 3 кој е досега најдостапниот автомобил на Tesla е 35.000 долари, но заедно со дополнителната опрема може да достигне до 42.000 долари, што ќе обезбеди дополнителна заработка. Она што може да биде проблем е прашањето дали волкавиот интерес за автомобилот ги изненади и во Tesla.

Илон Маск на својот Twitter профил објави дека компанијата ќе мора да го ревидира планирањето на производството. Плановите на Tesla се првите Model 3 автомобили да бидат достапни во 2017 година. Со претходниот автомобил Model X, Tesla имаше проблеми, па автомобилот доцнеше три години, потсети Guardian.

3 коментари на “Tesla ќе заработи 10 милијарди долари oд Model 3 за само два дена

  1. “Само од нарачките на Model 3, Tesla Motors досега собра 10 милијарди долари” мислам дека добро читам, насоката беше дека до сега се собрани 10 милијарди. Да не цепидлачиме :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии