Белата куќа ќе добие 2.0 третман: активира Wi-Fi и ќе дозволи користење на iPhone

Белата куќа во Вашингтон е надградена со нови технологии – од Wi-Fi, па сѐ до подобри звучници. Со неодамнешната надградба променети се и десктоп компјутери постари од 10 години, застарени црно-бели принтери, бавна интернет врска и старите BlackBerry телефони.

Иако телефоните на персоналот се заменети со iPhone, претседателот на САД, Барак Обама, не може сам да си го одбере телефонот и затоа ќе продолжи да користи модифициран BlackBerry, јави International Business Times. Претседателската верзија на BlackBerry доаѓа со поголема заштита на податоците, но голем дел од функционалноста на телефонот е отстранета. Се чини дека безбедноста на BlackBerry е на завидно ниво, па г.Обама ќе го заврши својот мандат со овој телефон, а по се изгледа дека и следниот претседател на САД ќе го наследи BlackBerry телефонот.

Промената на останата опрема беше посложена и траеше две години, јави New York Times. Новиот систем овозможува управување на прием на посетители во западното крило на Белата куќа преку интернет. Дополнително надградбата конечно ќе има доволно квалитетен Wi-Fi интернет за да може во живо да се стримаат настаните од таканаречената Рузвелтова соба. За големината на зафатот можеби најдобро зборуваат речиси 6 тони кабли кои не се употребуваат и сега се отстранети. Дел од каблите се заменети во оваа надградба, а дел се заменети, но оставани во претходните надградби на опремата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии