Стартап алатки од Brainster: Креирајте убави презентации за секунда

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Изработката на профи презентација во која содржината одлично ќе се вклопи со одбраниот дизајн бара време и креативни вештини. За да не трошите време и нерви, ви го претставуваме Slidebean – софтвер наменет за презентации кој ја одделува содржината од дизајнот и ви овозможува да се фокусирате на вашата цел. Потоа автоматски ја форматира содржината, креирајќи беспрекорна презентација.

Она што е добро доколку го користите Slidebean е фактот што не користите само дизајнирани темплејти, туку имате опции да одберете некоја од понудените содржински темплејти како на пример, презентација за компанијата, sales pitch, маркетинг план, месечен извештај и сл.

Доколку сте стартап основач, потребна ви е презентација која ќе ви помогне да го претставите вашиот план во кратки црти и во исто време ќе посветите внимание на најбитните детали. Slidebean ви го нуди токму тоа – Startup Deck креиран како отскочна даска за лансирање на вашата идеја. Најинтересната опција која ја овозможува е да го следите времето на гледање на вашата презентација, како и бројот на слајдови кои се видени. Покрај ова, Slidebean нуди огромен избор на колор палети, темплејти, фонтови (имате опција и сами да креирате фонт), како и опцијата за пребарување на слики во самата платформа, без да стравувате за авторски права.

presentation-insights-dashboard

Доколку се одлучите да го користите овој софтвер за креирање на презентации, имате 3 опции со креативно име: Espresso Plan наменет за студенти и професори кој се наплаќа годишно и чини 10USD месечно, Cappuccino Plan наменет за мали тимови и стартапи кој чини 35USD и се наплаќа годишно и Latte Plan наменет за средни бизниси и чини 140 месечно, а се наплаќа исто така годишно. Имате опција да одберете и само еден месец користење.

Во случај да креирате презентација користејќи го Slidebean, се надеваме дека ќе добиеме повратна информација за вашето искуство и постигнатите резултати.

Среќно,
Brainster заедницата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии