Snapchat го претстави Chat 2.0 со можност за видео повици

Snapchat е една од ретките платформи каде обичната интеграција на функции е всушност возбудлива вест за корисниците. Мрежата им претстави на своите 100 милиони активни корисници нов Chat 2.0 функција за споделување на текст, видео и стикери, во кое сега се вклучени и видео повици. Сервисот ја потврди својата определба, Chat 2.0 да биде најдобриот начин на комуникација по разговорот лице в лице. Она што го овозможува новата верзија е аудио и видео говор со едно притискање на копче. Во разговорот во живо корисниците можат да си споделуваат песни или да разговараат во живо, а доколку еден од соговорниците не е присутен тогаш може едноставно да се сподели текст, стикер или аудио порака.

Новата верзија доаѓа со куп подобрувања. Така, Snapchat приказните сега автоматски продолжуваат. Кога една приказна ќе заврши веднаш започнува друга. Додадени се и 200 нови стикери. Можност за видео порака, замена за gif која корисникот може сам да ја сними, и да ја сподели со пријателот. Листата на новитети не завршува тука и дел од нив може да разгледате и на TechCrunch. Надградбата е достапна на iOS и Android, и полека започнува да ја надградува верзијата на сите корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии