Microsoft додаде Linux Command Line во новиот Windows

Microsoft во соработка со Canonical во некоја од следните верзии на Windows 10 ќе додаде Bash Shell и Linux Command Line. Компанијата во последниот период има зголемена соработка со поранешните ривали, но ова сепак е изненадување. Веста доаѓа од Microsoft Build 2016 конференцијата во Сан Франциско.

Потегот е направен да се привлечат развивачите кои ќе можат да ги пишуваат своите .sh bash скрипти во Windows. Microsoft објаснува дека не станува збор за виртуелна машина, туку за Linux систем кој е креиран во соработка со Canonical. Ова е една од идеите кои компанијата ги доби од своите корисници, заедно со барањата за покорисен Windows Command Line.

Функционалноста ќе биде достапна со нoвата Windows 10 Anniversary надградба на оперативниот систем. Корисниците ќе треба да го преземат Ubuntu on Windows од Canonical софтверот од Windows Store. „Ова не е Bash или Ubuntu на виртуелна машина. Ова е nativе Bash Linux binary кои работи на Windows. Оригинален Ubuntu врз Windows со сите алатки: awk, sed, grep, vi. Брз и без големо оптоварување“, објаснува Скот Ханселман.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии