СЈО може да потврди дека граѓаните се нелегално прислушувани

Опрема за следење во вредност од 10 милиони евра е уништена во март, а постапката во која оваа опрема е уништена е незаконска, тврди Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Доколку се покажат како точни, овие податоци ќе ги потврдат тврдењата дека граѓаните, новинарите и дел од политичарите, незаконски се следени од органите кои требаа да ги заштитат. Дискусијата од прислушувањето се води уште од февруари 2015-та година, кога беа објавени првите таканаречени #бомби, но до сега никој не потврди кој и како прислушувал илјадници граѓани. СЈО сега може да ги потврди сомневањата дека прислушувањето е нелегално, и дека МВР и УБК се виновниците.

Засега нема податоци за системите за следење кои се уништени, но СЈО објави дека од Управата за безбедност и контраразузнавање побарале да се изврши декласификација на актите за да можат да ги споделат со податоците од овие системи со јавноста. Станува збор за опрема во склоп на Министерството за внатрешни работи, односно истата опрема на која биле прислушувани и следени граѓаните за која Звонко Костовски со спогодба на 25 февруари 2015 година е осуден на три години затвор. За потсетување г. Костовски беше еден од осомничените и единствениот осуден досега во аферата Пуч.

Новиот предмет под кодно име Тврдина сомничи двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, за пречекорување на овластувањата и неовластено уништување на опремата. Податоците кои ги презентира Специјалното јавно обвинителство велат дека нецел месец подоцна дел опремата за прислушување и тонско снимање на техничките капацитети на средствата за следење на комуникациите при МВР започнала да се уништува. Уништени се два системи за следење – едниот исклучен од употреба во 2009 година, но вториот систем е во употреба до споредувањето на ништењето. Опремата се проценува на 10 милиони евра или 615 милиони денари.

 
За уништување на опрема е потребна согласност од комисијата, но спротивно со упатството за работа на МВР. Членови на комисијата се лицата задолжени со опремата, што е спротивно на законот. Проблематично е самото решение кое го носи министерката за внатрешни работи, бидејќи не постои законски основ за ништење на опремата за следење, бидејќи до крајот на 2014 година не е пријавена технички застарена опрема, вели СЈО.

Опремата за следење на комуникации е исклучена на 27.03, а наводно на 28.03 опремата се товари во возила и се носи на уништување во отпад. Уништената опремата е преземена на 3 април, однесена на повторно уништување на друг отпад и повторно се враќаат на првиот отпад. Плусинфо на 28.03 објави дека од Управата за безбедност и контра-разузнавање се вадат материјали. Порталот тогаш пренесе дека се изнесуваат печатени материјали, но се чини дека сепак станува збор за споменатата опрема. Доколку бидат пронајдени за виновни, осомничените ги очекува повеќегодишна затворска казна, за злоупотреба на службена положба и овластувања, казната е од 5 до 20 години затвор.

Уништувањето на опремата не значи дека нема да биде пронајден кој нарачал неовластено прислушување и следење. Од СЈО се надеваат дека техничките податоци ќе им овозможат да дојдат до конечен одговор кој наредил неовластено следење на комуникациите на граѓаните.

7 коментари на “СЈО може да потврди дека граѓаните се нелегално прислушувани

  1. реалноста е таква, а сеа некој што сака да оцрни име на портал што само известува и е објективен, е навреда спрема цел портал. информациите тука се од информативен карактер и се јасни, и читливи за секој. во иднина не шири говор на омраза.
    поздрав од @spiritBreaker

  2. Ne e ubavo da se zazema strana, zosto ne napisete deka opremata imala vrednost od 1 den, toa go cuvme od drugi mediumi ne e se kako ke kaze nova-soros tv. Kako ozbilen portal treba da ste objektivni, no slatki se parite od soros a :)

    1. Порталов како што гледаш, не е политички ориентиран. се известува за ова затоа што е од ИТ карактер, и е објективно, непристрасно. тоа што ти си политички ориентиран и шириш говор на омраза, овде не е место каде што треба да шириш негативности. уживај, коментирај си по фб и по јутуб, тука не.

      1. Wow, благодарност за довербата! :) Во текстот не сакавме да навлечеме политички препукување, туку фактички да се информира дека прислушувањето во Македонија, како и во светот, е сериозна тема. Уште еднаш ти благодариме. Виктор

      2. Portalov kako sto gledam E politicki orientiran, i nema tuka nisto loso si imate stav i toa e toa sve ok, ama toa sto mislite lugjeto negledaat toa ne e ubavo, citirani nova tv i plusinfo (soros shit)… sto ne kazete sto kazuva republika ili kurir ili netpress… pa citatelot sam da si donese presuda, a ne vie zazemate strana, mislam sram ste za eden it portal, ja i onaka prestanav da ve citam slucajno mi izleze na time.mk pa kliknav i nemozev da ostanam ramnodusen… a i noviot dizajn 0 (nula) oci me bolat nemozam da citam… ste ja otvorile li vasata strana na 22-24inch ekran, ili samo na moblni ja otvarate..

      3. Почна со критика за политичка обоеност, заврши со дека нема да не читаш, па отиде да ни го хејташ дизајнот. :)) Се е во ред, бидејќи веруваме дека критичкото размислување може да биде објективно. Што се однесува до линковите, видеото е ирелевантно од кого е, а второто е вест која се поклопува со изјавата од СЈО. Курир не објавува вакви вести, во спротивно би ги линкале без проблем.

        Во секој случај ти благодариме за коментарите. Поздрав, Виктор

  3. Само мала корекција: Прибе во својот извештај потврди дека снимките се со таков квалитет и карактеристики, што само домашните безбедносно-разузнавачки служби можеле да ги направат.

    Тоа што нашиве судови не фермаат жива сила освен ВМРО ДО ГРОП, е веќе друга работа.
    Ама да, Катица сега може пред цела домашна јавност да го потврди тоа што сите го знаеме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии