Netflix манипулира со интернет брзината на корисниците, но со добра причина

Netflix, а не интернет провајдерите, го намалуваат квалитетот на содржините, откри компанијата. Сепак ова се однесува единствено на мобилните мрежи, а од интернет телевизијата велат дека го намалуваат квалитетот на стримот за нивните корисници да не плаќаат огромни сметки. „Гледањето на два часа HD-видео e 6 GB сообраќај, ова е цел месечен сообраќај вклучен во пакетот од 80 долари на Verizon“, објаснува Netflix.

Телевизијата го ограничува интернет протокот на 600 Kb/s, што е значително помалку отколку што може да поднесе денешниот мобилен интернет. Корисниците на двата големи провајдери Verizon и АТ&Т забележаа послаб квалитет на видеата и иако сите веднаш се посомневаа во провајдерите, виновникот сепак е интернет телевизијата која манипулира со интернетот на глобално ниво. Причината поради која се зафатени Verizon и АТ&T, а не Sprint или T-Mobile е што вториве имаат покоректен однос со корисниците и наместо веднаш да им наплаќаат дополнителни мегабајти, ја намалуваат брзината на сообраќај.

Сепак за корисниците кои сакаат поквалитетно видео и можат да си го дозволат ова, Netflix работи на решение. Новитет ќе овозможи на корисниците самите да си одберат дали ќе го користат data-saver планот. Очекувано во AT&T и Verizon се бесни на Netflix и велат дека сервисот го намалува квалитетот на стримот за нивните корисници без нивно знаење или дозвола, пренесува BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии