Наскоро САД ќе бара сите припејд телефони да бидат регистрирани

Припејд телефоните кои нудат анонимност наскоро би можеле да станат забранети во САД. Веста за ваков закон доаѓа неколку дена откако беше обелоденето дека терористите во Париз користеа припејд телефони, а не софистицирана технологија како што претходно се мислеше.

Предлог-законот, кој е сличен на законот кој го имаме во Македонија уште од 2013-та година, кој налага сите SIM припејд картички да бидат регистрирани; е предложен од конгресменката Џеки Спиер предвидува исти податоци како за постпејд да бидат потребни и за припејд телефоните. Ова ќе ги оневозможи злонамерниците да си купат телефон кој ќе го користат, а со тоа ќе се намали можноста на терористите, трговците со наркотици и останатите злонамерници за комуникација. „Овoј закон ќе затвори еден од најголемите пропусти кој ни оневозможува да следиме и да навремено да запреме, тероризам, трговија со наркотици или бело робје“, вели г-ѓа. Спиер.

Припејд телефоните се злоупотребени и во нападите од 9.11, во нападите на Тајмс Сквер и последно во Париз, потсетува Independent. Ваквите промени можеби во иднина ќе ги натераат криминалците да украдат повеќе телефони пред да започнат некоја акција, што за жал значи дека граѓаните ќе мора да бидат на штрек и веднаш да ги пријавуваат исчезнатите или загубените телефони.